среда, 25 декември 2024 | Вести: 0

Мик Џегер навива за губитнички репрезентации

Бразилските навивачи на СП се надеваат дека следна репрезентација за која ќе навива Мик Џегер ќе бида селекцијата на Аргентина. Џегер за сите репрезентации за кои навиваше до сега го завршија настапот.
Италија е последната „жртва“ на популарниот пејач, откако на концертот во Рим пред 70.000 гледачи рече дека Италија сигурно ќе го победи Уругвај и ќе се пласира во осминафиналето на СП. „Аѕурите“ синоќа загубија од Уругвај со 1-0 и го завршија настапот на мундијалот.
Пред тоа на концертот во Лисабон тој на многубројната публика и соошти дека Португалија предводена од најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо ќе го освои трофејот. Португалија по две кола освои само еден бод и се соочува со елиминација од групната фаза.
На почетокот на светското првенство во пресрет на натпреварот со Уругвај Џегер преку твитер ја подржа репрезентацијата на Англија.

– Напред Англија. Овој натпревар го добиваме – напиша 70 годишниот рокер, а екипата на Рој Хоџсон загуби со 1-0.

Бразилските навивачи се потсмеваат со Џегер надевајќи се дека следна репрезентација за која ќе навива ќе биде Аргентина.
Сепак бразилците ја сакаат неговата музика, а тоа го докажаа во 2006 година на концертот на Копокабана присуствуваа еден милион луѓе.
Тие се надеваат дека тој нема да ја избере нивната репрезентација, и по пат на друштвените мрежи му сугерииат да навива за Аргентина или Холандија.

Top