Откако репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска се опрости од учеството на Светското првенство, францускиот тренер Сабри Ламуши повеќе не е селектор на оваа афричка репрезентација.
Со поразот од Грција од 2-1, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска го заврши настапот на мундијалот, бидејќи не обезбеди пласман во осминафиналето.
Селекторот на оваа афричка нација, Сабри Ламуши имаше договор до крајот на Светското првенство кој му заврши со вчерашниот пораз.
– Да бидам искрен, немам зборови со кој би можел да опишам колку сум разочаран и тажен. Брегот на Слоновата Коска е вистинска фудбалска нација, а со овој пораз ги разочаравме жителите – изјави Ламуши.
Ламуши репрезентацијата ја презема во мај 2012 година, а ова му беше прва тренерска работа.