Светската фудбалска федерација (ФИФА) по вчерашниот инцидент откако Луис Суарез го гризна по рамото италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини поведе постапка против играчот на Уругвај за овој неспортски потег.
ФИФА пред 20 години поведе иста ваква постапка над Мауро Тасоти кога му ја скрши вилицата на Луис Енрике и беше казнет со осум натпревари.
ФИФА утринава соопшти дека ги побарала сите видо снимки од вчерашниот натпревар меѓу Уругвај и Италија и ќе го почека извештајот од натпреварот на судијата Родригез Морено. Тој не реагираше на натпреварот и не го ислучи Суарез со изговор дека не го видел инцидентот.
Според правилата за ваков тежок инцидент можно е уругваецот да добие казна за настап на својата репрезентација од 24 натпревари или две години.
Одлуката ФИФА мора да ја донесе до сабота кога Уругвај го игра осминафиналниот натпревар на СП против Колумбија. До проблем може да дојде бидејќи уругвајската репрезентација нема да има време да вложи жалба и да ја одложи казната и со тоа да му се овозможи на Суарез да настапи во сабота.
Сепак Марадона кога беше позитивен на допинг тестот на СП 1994 во САД веднаш беше отсранет од натпреварувањето.
ФИФА поведе постапка, Суарез го чека казна од 24 месеци?
Останати вести од СП 2014
-
Навивачите избраа: Четворица Бразилци во идеалниот состав на мундијалот
-
Голот на Џејмс Родригес најубав на мундијалот во Бразил (видео)
-
ФИФА призна: Судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот
-
Зико: Бразилската репрезентација треба повторно да се гради од темел
-
Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?
-
Меси не е во идеалниот тим на светското првенство
-
Мартино наследник на Сабелја на клупата на Аргентина?
-
Спектакуларен пречек на светските шампиони
-
Германците дојдоа во Берлин! (фото)