среда, 25 декември 2024 | Вести: 0

Мурињо: ФИФА да ѝ се извини на Костарика

По победата на Костарика над Италија во мечот од 2. коло во групата Д, ФИФА одлучи на допинг тест да повика дури седум играчи на оваа репрезентација, односно пет повеќе од нормалната процедура.

Оваа „дискриминација“ во свој стил ја искоментира менаџерот на Челси, Жозе Мурињо.

– Костарика моментално е сензација на мундијалот бидејќи не е лесно да се пласирате во осминафиналето по само два меча, и тоа во група со Италија, Англија и Уругвај, а допинг-тестот кој го нареди ФИФА само фрла сенка на нивниот феноменален резултат. Би требало да ги контролираат екипите кои губат, а не оние кои играат феноменално. ФИФА мора да ѝ се извини на репрезентацијата на Костарика – изјави Мурињо за „Евроспорт“.

Top