Италија испадна уште во фазата по групи на мундијалот, а очекуван потег повлече селекторот на „аѕурите“ Чезаре Прандели, со оставка до претседателот на фудбалската федерација, Џанкарло Абете. По дебаклот на 4-кратните светски шампиони, заминување најави и Абете.
„Јас сум одговорен за неуспехот во Бразил и затоа си поднесувам неотповиклива оставка“, изјави Прандели. Италија го загуби клучниот дуел во Д групата попладенево од Уругвај со 0-1 и не успеа да се пласира во осминафиналето.