Луис Суарез повторно направи глупав потег и го гризна Џорџо Кјелини при еден дуел во шеснаесетникот на Италија, на мега-дербито меѓу Уругвај и „аѕурите“. Што се случува со одличпниот фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Уругвај?
Навиката да гризе на фудбалските терени е опасна, а на Суарез му се повторува неверојатно лошиот потег, откако претходно на англиското дерби меѓу Челси и Ливерпул го гризна за рака Бранислав Ивановиќ.
Погледнете како изгледаше рамото на Кјелини по „гризот“ на Суарез.