Колумбиската фудбалска легенда Карлос Валдерама во суперлативи зборува за неговиот наследник во репрезентацијата на Колумбија, Џејмс Родригез.
Играчот од средниот ред за кого Монако плати неверојатни 45 милиони евра за да го доведе во своите редови од Порто со два гола на мундијалот прикажува извонредни игри.
– Колумбија го доби мојот наследник во репрезентацијата. Родригез е фантастичен и може да игра на високо ниво уште десет години. Тој веќе е голема ѕвезда – изјави Валдерама.
Колумбиската легенда е задоволен од настапот на својата репрезентација во првите два меча на СП и пласманот во осминафиналето.
– Тимот е фантастичен. Тоа е спој на младост и искуство и уживаат да играат заедно – додаде тој.


