Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, на фудбалерите им вети двојна премија доколку ја победат Грција и обезбедат пласман во осминафиналето.
Играчите моментално добиваат по 17.900 евра по победа, а доколку слават над Грција, бонусот ќе им биде зголемен на 35.800 евра. Станува збор за мала мотивација, за историски успех.
Брегот на Слоновата Коска моментално се наоѓа на втората позиција во групата Ц со три бода кои ги заработи по победата над Јапонија со 2-1, а пред тоа загуби од Колумбија со истиот резултат.
На Дрогба и на Туре ќе им биде доволно и реми за во следната фаза, но под услов Јапонија да не ја победи Колумбија.