Во натпреварот да се биде или не, хрватските фудбалери на светското првенството (СП) во рамките од третото коло од групата А изгореа во желбата да го победат денешниот противник Мексико и да се пласираат во осминафиналето покрај репрезентацијата на Бразил која рутински ја совлада репрезентацијата на Камерун со 4-1.
Хрватска со 1-3 беше поразена од Мексико и со тоа го заврши учеството на СП во Бразил. Со оваа победа Мексико се пласираше во осминафиналето каде ќе се сретне со Холандија која е најефикасната репрезентација до сега на СП со 10 постигнати гола. Мексико ја има најдобрата одбрана со само еден примен гол во три кола.
„Коцкестите“ важеа за тим кој е фаворит во овој дуел и за пласман на второто место во групата А и пласман во осминафиналето, но сепак мексиканците не мисеа така и успеаа да постигнат дури три гола во вториот дел.
Мексиканците пласманот во следната рунда можеа да го обезбедат и со нерешен резултат, но ја искористија шансата која им се укажа. Хрватите во вториот дел тргаа на се или ништо и оставија големи дупки во одбраната. Тоа најпрвин го искористи ветеранот Рафаел Маркез поранешниот играч на Барселона. Тој успешно стрелаше во голот на Плетикоса во 72 минута. Надежта на хрватите за пласман во следната рунда ја мексиканците ја урнаа за 10 минути. По голот на Маркез, Квадрадо и Чичарито беа стрелци на останатите два во 75 и 82 минута. Почесниот гол за хрватите го постигна Перишиќ на три минути до крајот на мечот.
Croatia 0 – 1 Mexico R. Márquez by f100000575791389
Croatia 0 – 2 Mexico A. Guardado by f100000575791389
Croatia 0 – 3 Mexico J. Hernández by f100000575791389
Croatia 1 – 3 Mexico I. Perišić by f100000575791389
Бразил рутински со со 4-1 го совлада Камерун и со тоа го обезбеди првото место во групата А и закажа осминафинален натпревар со Чиле кој е второпласирана репрезентација од групата Б.
Головите за Бразил ги постигнаа Нејмар во 17 и 35 минута, Фред во 49 и Фернандињо во 84 минута.
Единствениот гол на Камерун на ова светско првенство го постигна Матип во 26 минута.