Селекторот на Шпанија Винсенте Дел Боске му даде шанса на напаѓачот Давид Виља на денешниот натпревар против Австралија во рамките од третото коло на светското првенство да се прости од нациоланиот дрес. Еден од најдобрите напаѓачи на „црвената фурија“ во историјата ја искористи укажаната доверба и со прекрасен гол со петица за заврши репрезентативната кариера што се однесува за настап на светските превенства.
Давид Вилја беше заменет во 56 минута. Тој со многу емоции и солзи во очите го напушти теренот поздравен од целиот стадион.