
Фотографијата на која Северина позира гола во кревет, во Бразил, каде што е во тек Светското фудбалско првенство досега добила 27.500 „лајка“ на фејсбук. Во интервју за телевизијата РТЛ Северина (42) изјавила дека тоа го сторила бидејќи ѝ било здодевно.
– Еден мој пријател коментираше. Сигурно ти било многу здодевно. И навистина беше така – изјавила Северина во интервјуто.
Хрватската пејачка на ЕП во 2000 година репрезентацијата ја бодреше потполно гола, обвиткана во хрватското знаме.

