сабота, 20 декември 2025 | Вести: 0

Хуманиот Мунтари делеше пари на сиромашните Бразилци (видео)

Репрезентативецот на Гана, Сали Мунтари со хуманиот гест ги освои симпатиите на Бразилците.

Имено, тој од селекторот на Гана побара дозвола да го посети местото Масеио, каде што живее сиромашно население. Освен автограми, Мунтари делеше и пари.

Вреди да се спомене дека репрезентативецот на Гана потекнува од сиромашно семејство, па токму тоа е причината за овој негов гест.

Top