сабота, 13 декември 2025 | Вести: 0

Сонг ќе паузира три натпревара

Дисциплинската комисија на ФИФА го казни фудбалерот на Камерун, Александре Сонг со забрана за настап на три натпревари поради црвениот картон кој го направи над напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ.

Сонг на тој натпревар во финишот на првото полувреме го удри напаѓачот на „коцкестите“ Марио Манџукиќ и заработи црвен картон.

Со оглед на тоа што Камерун нема шанси за пласман во осминафиналето, за Сонг е завршен мундијалот.

Членот на Барселона нема да игра во 3. коло против домаќинот Бразил, а ќе паузира и на првите две средби што неговата репрезентација ќе ги одигра по Светското првенство.

Top