сабота, 28 декември 2024 | Вести: 0

Варела ги спаси Португалците во последен момент, ремито 2-2 со САД им дава надеж на европските Бразилци

Резервниот играч на Португалија, Силвестре Варела со погодок во петтата минута од судиското продолжение ја спаси својата репрезентација од елиминација на мундијалот во Бразил и ги спречи Американците да слават голема победа. Мечот заврши нерешено, 2-2, но и покрај спасот во последен час, фаворитот Португалија е блиску до елиминација. За пласман натаму тие зависат и од исходот на дуелот меѓу Германија и САД во последното коло, а на овие две селекции им одговара реми за да ги исфрлат од игра и Португалија и Гана.

Во Манаус, Американците беа блиску до подвиг и нова елиминација на голем фаворит, но потклекнаа во последните моменти. Варела искористи еден центаршут и израмни на 2-2. Претходно Португалија уште во петтата минута поведе со голот на Нани, а дека САД се одлична репрезентација се покажа во продолжението. Во 64. минута Џермејн Џонс со вистински проектил од над 20 метри израмни на 1-1.

Group G - USA vs Portugal

За најава на фудбалско чудо се погрижи искусниот Клинт Демпси со погодок во 81. минута, славенички за него, бидејќи стана единствениот американски репрезентативец што дал барем еден гол на три светски првенства. САД, сепак, не издржаа до крајот на мечот, но остануваат во игра за пат во осминафиналето. Тие го делат првото место во групата Г со Германија. Двете селекции имаат по 4 бода, пред Гана и Португалија со по еден бод. На колидерите им одговара реми во меѓусебниот меч од последното коло, а Португалија и Гана ќе играат меч на сѐ или ништо и ќе се надеваат на победа на Германија.

Top