Итри се пустинските лисици од Алжир, репрезентација што остави силен впечаток во првите две кола на мундијалот во Бразил, а вечерва ја забележаа и првата победа во Х групата. Со 4-2 избраниците на Вахид Халилхоџиќ ја надиграа селекцијата на Јужна Кореа, а клучен беше блиц-кригот во првиот дел, кога за само 12 минути Слимани, Халиче и Џабу постигна голови за убедлива предност од 3-0. Тој резултат беше актуелен по првото полувреме, а потоа Јужна Кореа притисна и тргна на се или ништо.
Играчот на Баер Леверкузен Сон на стартот од вториот дел намали на 1-3, Корејците имаа уште една прекрасна шанса за погодок, а за утката ги казни Брахими по еден час игра за предност на Алжир од 4-1. До крајот Јужна Кореа преку Чеол постигна уште еден гол, за конечни 4-2 за ривалот.
По две кола во Х групата, Белгија со 6 бода е сигурен патник во осминафиналето, а Алжир со 3 бода е во подобра позиција за второто место што води во нокаут фазат во однос на Русија и Јужна Кореа, селекции кои имаат по еден бод. Во последната рунда Русија игра со Алжир, а Белгија за максимален учинок ќе атакува на победа против Јужна Кореа.