петок, 10 јануари 2025 | Вести: 0

Белгиските „ѓаволи“ ја построија руската команда

Белгија ја победи Русија во дербито од Х групата со 1-0, а вистински јунак и џокер на „црвените ѓаволи“ беше  тинејџерот Дивок Ориџи со победносен гол во 88. минута. Младиот 19-годишен напаѓач на Стандард Лиеж умешно ја реализираше шансата што со одличен продор му ја креираше Еден Азар.

Мечот воглавно мина во тактичко надмудрување на фаворитите во Х групата, а Русите поткелкнаа во самиот финиш и сега се во незгодна ситуација. Моќната „Зборнаја“ мора да го победи Алжир во последното коло за да патува во осминафиналето, каде веќе е лидерот во групата Белгија. „Црвените ѓаволи“ имаат две победи и речиси сигурно ќе одат во нокаут фазата како првопласирани.

Вечерва од 21 часот се игра и вториот дуел од втората рунда во оваа група меѓу Јужна Кореа и Алжир.

Top