Босна и Херцеговина го заврши деби настапот на Светските првенства по само два меча и порази од Аргентина со 1-2 и од Нигерија со 0-1.
Змејовите се обидоа да им парираат на фаворитите, но делумно и неискуството си зема данок, па по две кола се елиминирани. Нигерија побреди со голот на Питер Одемвинге во 29. минута, по кискот на одбраната на БиХ.
Претходно судијата Питер О`Лири им поништи чист гол на Босанците, а во самиот финиш, репрезентацијата од Балканот и немаше среќа. Един Џеко го погоди дирекот од голот на Енјама во судиското продолжение, па Нигерија остана во игра за пласман во осминафиналето. БиХ по двата порази нема ниту теоретски шанси за продолжување на престојот во Бразил на СП.

