сабота, 6 декември 2025 | Вести: 0

Судиите се најслаб дел од СП, и БиХ оштетена за чист погодок

Судиите се убедливо најслаб дел од мундијалот во Бразил, а тоа уште еднаш се покажа и на мечот што е во тек меѓу Нигерија и Босна и Херцеговина. Во 21. минута судиската тројка од Нов Зеланд предводена од главниот арбитар Питер О`Лири направи кардинална грешка и поништи чист гол на БиХ.

Миралем Пјаниќ со извонредна асистенција го проигра Един Џеко, шпицот на Босанците погоди и не беше во офсајд, но помошниот судија Јан Хендрик Хинц, го крена знаменцето. Повторената снимка потврди дека Џеко не е во недозволена позиција, па БиХ е драстично оштетена за чист погодок.

Top