недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Меси: Среќен сум поради голот

Најдобриот аргетински фудбалер Лионел Меси изјави дека неговата екипа се соочила со проблем да го совлада Иран на Мундијалот.

-Да бидам искрен, беше многу тешко. Нè затворија, ни беше тешко да ја пробиеме нивната одбрана. Беше тензично за нас, изјави Меси по мечот.

Меси беше стрелец на единствениот погодик на натпреварот, а со одличен удар од 20 метри во судиското продолжение го совлада противничкиот голман.

-Бев многу среќен кога видов дека постигнав гол, бидејќи игравме во судиско продолжение и сакав да се пласираме во следната рунда, додава Меси.

Group F - Argentina vs Iran

фото: ЕПА

Top