Босна подгорвена против вечерашниот меч со Нигерија. Навивачите се загреваат во фан зоната. Ечат босански песни, се навива онака како што само Балканскиот народ знае. Видеото ни го испратија навивачите кои во моментот се во Бразил.
Босанскиот селектор Сафет Сушиќ изјави дека корпулентниот напаѓач Един Џеко за репрезентацијата на Босна е од големо значење и има функција во тимот како големите ѕвезди за останатите тимови. Тој, Џеко го спореди со Меси, Нејмар и Роналдо.
„Џеко е премногу важен за нас. Неговата важност е иста како онаа на Меси за Аргентина, Нејмар за Бразил и Кристијано Роналдо за Португалија. Се наоѓаме во непогодна ситуација и мора да победиме за да одиме понатаму. Во спротивно, ќе мора да си ги спакуваме куферите и да си одиме дома. Против Нигерија ќе играме отворен меч на кој ќе дадеме сѐ од себе да погодиме во противничката мрежа“, изјави Сушиќ.
фото: ЕПА