четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Пак удри брат на брат, Кевин Принс Боатенг за Гана против Жером Боатенг од Германија

Вторпат во историјата на светските првенства играат браќа еден против друг за различни репрезентации, а и овојпат како и на мундијалот во Јужна Африка пред 4 години, станува збор за дуото Боатенг.

Кевин Принс е во стартните 11 за Гана, а неговиот полубрат Жером е во почетниот состав на Германија. Двајцата играа во европски клубови и се многу познати фудбалери, но различниот избор ги одведе на различни страни. Пред 4 години поуспешен беше Жером во меч во кој Германија ја победи Гана во фазата по групи со 1-0 на СП во Јужна Африка.

Вечерва Кевин Принс кој одлучи да игра за земјата во која е роден, Гана има шанса за реванш. Мечот започна во 21 часот.

Top