Извонредниот напаѓач на Еквадор, Енер Валенсија, со два гола беше најзаслужен за продолжување на надежите на јужноамериканската селекција за пат во осминафиналето. Еквадор го победи Хондурас со 2-1 и со 3 бода остана во игра за пласман во нокаут фазата. Валенсија блескаше, а дека е во одлична гол-форма потврди во 34. минута со израмнувачки погодок.
Во вториот дел истиот играч повторно ја затресе мрежата за комплетен пресврт и победа на Еквадор. Во 31. минута Карлос Костли му донесе предност од 1-0 на Хондурас, но репрезентацијата од Средна Америка не успеа да го задржи водството до крајот.
Претходно во истата Е група Франција ја декласираше Швајцарија со 5-2 и со 6 бода е лидер на табелата. Еквадор и Швајцарија имаат по 3 бода, а Хиндурас е последен без бодови. Во последната рунда ќе играат Франција и Еквадор, односно Швајцарија и Хондурас.