Убедливи 5:2 со поништен гол во 93та минута и промашен пенал за „Галските петли“ во вториот меч од групата Е каде Франција е веќе пласирана во 8 финалето а Швајцарија ќе мора да обезбедува пласман понатаму во третата средба против Хондурас.
Со головите постигнати во 17 и 18 минута Франција ја отвори серијата од три гола во првиот дел што ги постгинаа што Жиро, Матуиди и Валбуена а Бензема промаши пенал во 40 минута.
Во вториот дел Франција постигна уште два гола во 57 и 63 преку Бензема и Сисоко а честа на Швајцарците ја спасуваа Џемаили и Џака во 81 и 87 минута.
Судијата на мечот својата единствена грешка на мечот ја направи во последните мигови кога на една секунда пред Бензема да го постигне третиот гол свирна крај на мечот и не го призна последниот гол на Французите.
Во идното коло Франција игра со Еквадор кој што е фаворит на последната средба за денеска против Хондурас.