понеделник, 6 јануари 2025 | Вести: 0

Костарика со втора победа против светски шампион на СП во Бразил

Минимална но историска победа на Костарика во второто коло од групата Д или групата на смртта како што се нарекува групата во која што играат три светски шампиони.

По победата против Уругвај во првото коло Костарика како претставник на КОНКАКАФ регионот (Федерација на асоцијациите на Северна, Централна и Карипска Америка) со минимални и заслужени 1:0 го победи и екс светскиот првак Италија.

Со п0бедата Костарика е прва на табелата со 6 бода што значи дека два од трите светски шампиони во оваа група ќе мораат да се пакуваат предвремено.

Единствениот гол го даде Руиз во 44 минута со глава откако предходно судијата не досуди очигледен пенал за Костарика.

За разлика од мечот со Англија во првото коло Италија денеска беше бледа, играше неповрзано и деконцентрирано со дури 11 офсајд ситуации и со само три директни удари на колот на Костарика.

Со поразот на Италија дома дефинитивно си заминува Англија која сега и со победа против Костарика не може да ги стигне Уругвај и Италија.

Една од овие две екипи по дирекниот дуел во вторник ќе мора да замине дома. На Италија и одговара и нерешен резултат а Уругвај ќе мора да победи за да се пласира понатаму.

Top