Луис Суарез засега е јунак на втората рунда во фазата по групи на мундијалот во Бразил, со два гола за Уругвај, клучни за победа против Англија. Против „своите“ Суарез (настапува во англиски Ливерпул) беше немилосрден и го урна „Гордиот Албион“.
Веднаш реагираа мајсторите на анимираниот филм и направија сатиричен видео материјал на кој се гледа како Суарез ги излажа на двапати Англичаните.

