среда, 24 декември 2025 | Вести: 0

Колку заработуваат судиите на Мундијалот?

За еден месец на мундијалот, некои судии би можеле да заработат до 50.000 долари, но се очекува само десетина од нив да го достигнат овој износ.

Во реалноста, сумата е релативно помала за секој судија, кога ќе се погледне нивното искуство и подготвеност и на кој натпревар ја дели правдата.

Пред четири години во Јужна Африка, најдобро платените судии добија по 35.000 долари.

Што се однесува до играчите, варијациите се поголеми во зависност од типот на играчот и за која репрезентација игра. Меѓутоа секој национален тим има загарантирано 8 милиони долари за пласман во Бразил.

Според информациите на американските медиуми, фудбалерите на САД ќе добијат барем по 76.000 долари. На Австралијанците им следуваат 150.000 долари.

Камерунците пред почетокот на мундијалот го изразија своето незадоволство со понудениот износ, па дури и го одложија патот кон Бразил се додека Федерацијата не зема кредит да им ги зголеми хонорарите за по 12.000 долари.

Top