Колумбијците се бесни на чинот на холандската актерка Николет Ван Дам, која објави фотографија на „Твитер“ што асоцира на проблемите на оваа земја со дрогата. Атрактивната Николет направи фотомонтажа на која ѕвездите на колумбиската репрезентација Фалкао и Родригес „шмркаат“ кокаин, што со спреј го прска судијата.
Колумбијците збеснаа, а експресно реагираше УНИЦЕФ, чиј амабасадор на добра волја е Николет. Тие ѝ се заблагодарија на соработката, по реакцијата на Марија Ангела Хокуин. Министерката за надворешни работи на Колумбија реагираше, Николет се извини, а УНИЦЕФ ја избрка холандската секс-бомба.



