Денеска Светското првенство во Бразил ни ги носи дуелите на Италија и Костарика, Франција и Швајцарија и Хондурас и Еквадор.
Најинтересен меч денеска ќе биде дуелот меѓу Италија и Костарика, кои се борат за првото место во групата Д откако во првото коло „азурите“ ја совладаа Англија, а Костарика славеше над Уругвај, кој вчера пак на стартот на вторто коло во оваа група го победи гордиот Албион со 2:1.
Дуелот на двете екипи стартува од 18 часот.
Во терминот од 21 часот Швајцарија и Франција ќе се борат за нови бодови и пласман во следната фаза. Во првите мечеви Франција немаше проблеми со Хондурас и славеше со 3:0, Швајцарија го победи Еквадор со 2:1.
Двете екипи ја посакуваат победата и првото место во групата, пред сѐ, бидејќи во осминаффиналето втортопалсираната селекција ќе се сретне со Аргентина. Во вториот меч од групата Е закажн за полноќ ќе играат Хондурас и Еквадор, Јужноамериканците се фаворити на средбата , а шанса за евентуално осминафинале ќе бркаат против Франција во последното коло.

