Селекцијата на Уругвај вчера ја совлада селекцијата на Англија со 2-1. Двоен стрелец за противникот беше Луис Суарез, играчот на Ливерпул, кој во последната сезона ја понесе наградата најдобар играч во Премиер-лигата и беше најдобар стрелец во лигата.
Но, она што ќе остане по натпреварот е фотографијата на која Суарез го теши капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард. Претходно бевме сведоци на иста ваква ситуација само со сменети улоги, тогаш Џерард го тешеше Суарез поради тоа што не ја освоија англиската Премиер-лига.
– Сосема сум сигурен дека на Џерард не му е лесно. Но, и покрај тоа што се случи на теренот, не смееме да заборавиме дека тој е голем играч, можеби и најголем со кој имав чест да играм во мојата кариера – изјави Суарез по натпреварот.
Сепак, пријателите остануваат пријатели.