четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Националниот дрес е привилегија, Дие се расплака од возбуда

Националниот дрес е привилегија, за секој спортист е чест да игра за својата репрезентација, а тоа беше причина за солзите на Сереј Дие, фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска. Тој се расплака при интонирањето на националната химна на популарните „слонови“ пред почетокот на дуелот со Колумбија. И тоа како што сам вели, реакцијата била емотивна, а солзите се од гордост и чест што го носи националниот дрес на БСК.

die 1

Медиумите погрешно објавија дека таткото на Дие починал непосредно пред мечот.

– Татко ми почина во 2004 година. Причина за солзите беше едноставен излив на емоции. Горд сум што го носам националниот дрес на мојата земја на големо натпреварување какво што е мундијалот – изјави Дие.

 

Top