Селекцијата на Уругвај синоќа со триумфот над Англија со 2-1, ја избегнаа излезната врата од мундијалот.
Херој во победата на Уругвај беше напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез кој ги постигна двата погодока.
По натпреварот популарниот „Ел Пистолеро“ упати пофални зборови до неговиот клупски капитен од Ливерпул, Стивен Џерард.
– Сосема сум сигурен дека на Џерард не му е лесно. Но, и покрај тоа што се случи на теренот, не смееме да заборавиме дека тој е голем играч, можеби и најголем со кој имав чест да играм во мојата кариера – изјави Суарез.