понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Блескаво враќање на Суарез, со два гола ја урна Англија

Блескаво враќање на фудбалските терени имаше вечерва Луис Суарез, извонредниот шпиц на Уругвај. Со два гола големиот адут на двојниот светски првак ги урна Англичаните и речиси ги елиминира од мундијалот во Бразил. Популарните „уруси“ победија со 2-1 и си ги зголемија шансите за пласман во осминафиналето.

За такво нешто им треба барем реми против Италија во последната рунда од фазата по групи и два порази на Костарика, од Италија утре и во последниот круг со Англија.

Луис Суарез, поради операција на менискусот, беше неизвесен за настапот на Светското првенство во Бразил, но се врати во второто коло и одигра брилијантно. Првиот гол го даде во 39. минута мајсторски по прецизното додавање на Кавани. Истата комбинација од двата велемајстори на фудбалската игра му донесе победа на Уругвај во 85. минута. Кавани со глава ја префрли топката до Суарез, а тој со прецизен удар погоди за голема радоста на уругвајските навивачи во Сао Пауло.

Претходно Вејн Руни со првиот гол на мундијалите во 75. минута го израмни резултатот. Италија, Костарика и Уругвај имаат по 3 бода, но првите две селекции имаат еден меч помалку, додека Англија е на работ на елиминација со два порази и ниту еден бод.

Top