Репрезентацијата на Колумбија ја забележа втората победа на мундијалот во Бразил и си обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот. Во премиерниот меч од осмиот ден на СП, Колумбијците славеа со 2-1 против Брегот на Слонова Коска и со 6 бода се лидери во Ц групата.
Џејмс Родригес игра извонреден турнир и со вториот гол во вториот меч и донесе предност на Колумбија во 64. минута. Само 360 секунди подоцна прецизен беше и Квинтеро по еден контранапад, по што се наѕираше новата победа на Колумбија.
За да биде неизвесно докрај се погрижи Жервињо со прекрасен гол по соло продорот во 73. минута. Фудбалерите од Африка притиснаа за да израмнат, но немаа сили за нерешен резултат.
БСК е на второто место во Ц групата со 3 бода, но допрва треба да се игра вториот дуел од втората рунда во оваа груупа меѓу Јапонија и Грција.