Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ и Камерунецот Стефан М’биа наместо дресовите, си ги разменија шорцевите.
На крајот од вчерашниот натпревар, во кој Хрватска го совлада Камерун со 4:0, Ракитиќ и Камерунецот очекувано тргнаа да ги разменат дресовите бидејќи се знаат многу добро од Севилја.
Самите дресови ги разменија уште на теренот, но кога стигнаа до тунелот, отидоа чекор понапред. Тие ги заменија и шорцевите, па останаа по долна облека, чорапи и копачки.