
Португалскиот фудбалски стручњак и менаџер на Челси, Жозе Мурињо, денеска рече дека Шпанија не е елиминирана од Светското првенство поради лоша игра, туку поради фактот што Холандија и Чиле биле на „неверојатно ниво“.
– Шпанија во двата меча постигна само еден гол од пенал. Сепак, чесно е да се каже дека Холандија и Чиле играа сјајно и дека тие се одговорни за падот на Шпанците. Го направија тоа што е неопходно за модерниот фудбал. Селекторите Ван Гал и Сампаоили подготвија одлични тактики – изјави Португалецот.
Шпанија со два пораза по две кола, од Холандија 5:1 и од Чиле 2:0, ги загуби шансите за поминување на групната фаза.
Последниот натпревар на мундијалот во Бразил шпанската фудбалска репрезентација ќе го одигра на 23 јуни против Австралија.

