петок, 12 декември 2025 | Вести: 0

Некои работи не се менуваат, семејството Сонг не може без црвени картони на СП

Некои работи и навики тешко се менуваат, а потврда за тоа е семејството Сонг од Камерун. Досега на мундијалите имаше двајца преставници и дури три црвени картони. Ноќеска Алекс Сонг беше исклучен на мечот со Хрватска во 40. минута по грубиот старт со лакот врз Марио Манџукиќ, а претходно на мундијалите и неговиот роднина Ригоберт Сонг ја доживеа истата судбина и тоа во два наврата.

Алекс или Ригоберт, сеедно, и двајцата се одлични фудбалери, оставија белег и во големите европски клубови, но имаат нескротлив темперамент, токму во ритам со прекарот на камерунската репрезентација. „Нескротливи лавови“, но често на штета на својата репрезентација.

Top