петок, 10 јануари 2025 | Вести: 0

Не дава голови, но му веруваат, уплата од 10 милиони фунти за Руни да постигне погодок со Уругвај

Не дава голови и долго пости во дресот со националниот грб на гордиот Албион, но, сепак, Англичаните му веруваат на Вејн Руни. Особено дека е кадарен да постигне гол против Уругвај. Уплатата е рекордна во британските обложувалници и изнесува неверојатни 10 милиони фунти, а сѐ што треба да направи Руни е барем еднаш да ја затресе мрежата на Уругвајците.

Англичаните веруват во спас и победа над Уругвај по стартниот пораз на СП од Италија. Го критикуваат Руни поради слабите игри, но за вечерва веруваат во него. Поткрепено со огромна сума од 10 милиони фунти. Ако напаѓачот биде прецизен, обложувалниците ќе исплатат тројно поголема сума. Мечот се игра во Сао Пауло, вечерва од 21 часот.

Top