недела, 14 декември 2025 | Вести: 0

Воздух во конзерва, хит-производ на мундијалот во Бразил (фото)

Воздух во конзерва од различни градови во Бразил е вистински хит на мундијалот. Производот, кој е иновација на Алесандро Катеначи, се продава како алва. Катеначи во целиот проект вложил околу 67 илјади долари, а една конзерва со воздух чини 4,5 долари. Можете да си купите конзервиран воздух од Сао Пауло, од Рио де Жанеиро, Манаус и од другите градови во Бразил.

mundo

– Целта не е да ги промовираме градовите дека ни се чисти со квалитетен воздух, туку сакаме секој што ќе дојде во Бразил да си однесе дома мирис на нашата земја. Мислам дека е вистински погодок и стана хит на пазарот – вели Катеначи. Тој е туристички работник од Куритиба и вистински иноватор. Прозиводот се продава одлично и го има во 55 маркети во различни бразилски градови.

Top