Фрустрациите на Камерунците почнаа уште пред стартот на мундијалот во Бразил, а кулминираа со дебаклот против Хрватска и со меѓусебната пресметка на Асу Екото и Муканџо. Пред почетокот на СП, „нескротливите лавови“ штрајкуваа за пари и по многуте перипетии отпатуваа за Бразил, а на шампионатот играат катастрофално. Имаат гол-разлика од 0-5 со два порази, што е оценето како голем неуспех во нивната земја.
Ноќеска Камерунците се посрамотија и со односот на теренот, а во фокусот беше пресметката на Асу Екото и Муканџо. Асу Екото му се нафрли на соиграчот, а по мечот не успеа да го смири и легендарниот Самуел Ето.
Им останува уште еден меч на шампионатот против домаќинот Бразил, за поправање на лошиот впечаток.