Откако Чиле го совлада актуелниот светски шампион Шпанија со 2-0, во јужноамериканската земја завладеа општа еуфорија.
Среќните Чилеанци што не успеале да отидат во Бразил за да ги бодрат нивните сонародници, ги окупираа главните улици во поголемите градови во Чиле, каде што се славело до касно во ноќта.