понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Касилјас: Дали е ова мојот последен репрезентативен настап?

Првиот голман на шпанската репрезентација Икер Касилјас разочаран од елиминацијата побара прошка од навивачите на „Црвената фурија“.

Кога на Светско првенство ќе ги загубите првите два натпревара, тогаш сè е јасно. Бараме прошка од навивачите. Се обидовме повторно да ги направиме среќни, но не успеавме. Многу ни е тешко поради тоа. Сите сме разочарани – истакна Касилјас.

Тој по синоќешниот пораз од Чиле рече дека сè уште не знае дали ќе си замине од репрезентацијата.

Дали е ова мојот последен репрезентативен настап? Не знам, ќе видиме. Овој состав не заслужува ваков крај. Сега мораме да ја победиме Австралија, а честитки за Чиле, кој заслужено оди во следната фаза. Тоа е фудбалот. Некогаш се победува, ама и се губи – додаде Касилјас.

Top