Првата рунда во фазата по групи на СП во Бразил со реми, 1-1, ја комплетираа репрезентациите на Русија и Јужна Кореа. Во меч од Х групата, селекцијаа од Азија поведе по големата грешка на рускиот голман Игор Акинфеев во 68. минута. Хо Ли упати удар од далечина, а чуварот на мрежата на „Зборнаја“ интервенираше несигурно и топката му мина низ раце за предност на ривалот од 1-0.
Фабио Капело фрли се на една карта, на израмнувачки гол, па во игра влегоа Кержаков и Денисов, што вроди со плод во 74. минута. Кержаков најдобро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол и израмни на 1-1. Во финишот Русите се обидоа да направат комплетен пресврт за три бода, но не погодија за 2-1.