сабота, 28 декември 2024 | Вести: 0

Очоа ги маѓепса Бразилците, но не ги убеди челниците на Ајачио да го задржат

Хилјермо Очоа ги маѓепса Бразилците, но и неутралните симпатизери на фудбалската игра со извонредните одбрани и беше најзаслужен за ремито на Мексико против петкратните светски прваци. Очоа особено се истакна во првото полувреме кога со фантастична реакција го одбрани ударот со глава на Нејмар и во финишот кога не му дозволи на Тијаго Силва да погоди од близина. Интересно е што по Светското првенство во Бразил, 28-годишниот Очоа ќе остане без клуб. Управата на францускиот Ајачио не му понуди, нов договор и Хилјермо ќе биде слободен агент во јули.

Како брани понуди ќе има сигурно, а искуство не му недостасува. За Очоа мундијалот во Бразил е трет по ред. Извонредниот голман има и темна дамка во кариерата, откако во 2011 година беше еден од петтемина мексикански репрезентативци што беа позитивни на допинг тест. Тоа се случи за време на Купот на Конфедереации, но мексиканската фудбалска федерација го ослободи квинтетот, со објаснување дека позтитивниот резултат е од затруена храна.

Интересно е што Очоа е страствен твитерџија и до дуелот со Бразил, влеравечер имаше дури 927 илјади следбеници на Твитер. Легендарен коментар за него од еден од неговите следбеници е „Очоа има шест прсти на раката, затоа брани добро“.

ocoa

Top