вторник, 24 декември 2024 | Вести: 0

Со натпреварите од групата Х завршува првото коло, Бразил го отвора второто

Денеска на програма од Светското првенство се нови три натпревари во фазата по групи. Средбите Белгија-Алжир и Русија-Јужна Кореја се први во Х групата, додека со натпреварот Бразил-Мексико ќе започне второто коло на Мундијалот.

Белгија и Алжир, во 18 часот  ќе ја отворат програмата на мундијалот. Натпреварот ќе се одигра во Бело Оризонте. Во вториот меч од оваа Х група, на полноќ во Кујаба, ќе играат Русија и Јужна Кореја.

Во фокусот на денешниот распоред секако ќе биде средбата помеѓу Бразил и Мексико, а конечно ќе имаме можност да видиме и со каков квалитет располагаат селекциите од  групата Х кои досега не сме имале можност да ги видиме.

Знаци за загриженост демострираше и селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари, кој изјави дека Мексико има тим кој е составен од фудбалски војници.

– Мексико има тим составен од фудбалски војници, од вистински борци. Многу се силни, добро организирани и заслужуваат максимален респект. Секогаш кога играме против Мексико ние имаме големи проблеми. Ја немам точна информација, ја немам потребната статистика, но мислам дека имаме сличен резултат во меѓусебните дуели. Очекувам еден балансиран натпревар. Двата тима играат квалитетн фудбал, со многу додавања. Свесни сме дека со победа ќе обезбедиме пласман во 1/8 финалната рунда – изјави Сколари.

Домаќинот Бразил и Мексико, во Форталеза од 21 часот, ќе го отворат второто коло на турнирот. Двата тима, СП го започнаа со победи, Бразил над Хрватска (3-1), а Мексико над Камерун (1-0).

Top