Демонстранти во североисточниот бразилски град Напал го запалија американското национално знаме во близина на стадионот каде што се одигра натпреварот меѓу САД и Гана на Светското фудбалско првенство, пред очите на американскиот потпретседател Џо Бајден.
Учесниците во протестот, чијшто број изнесуваше неколку десетици лица, го запалиле и знамето на ФИФА извикувајќи пароли против империјализмот.
Демонстрантите беа запрени од полицијата на контролниот пункт на околу два километра од стадионот и повеќе не предизвикувале проблеми.