Првото реми на мундијалот во Бразил во здодевна игра и без голови го одиграа репрезентациите на Нигерија и Иран. Интересно е што сефте нерешнеиот исход се случи симболично во тринаесетиот натпревар на шампионатот.
Двете селекции одиграа претпазливо без многу шанси за гол, а на крајот мрежите на Хаџиџи и на Енејама мируваа. Со Нигерија и Иран во групата Ф се и фаворитот за титулата Аргентина и единствениот дебитант на СП, селекцијата на Босна и Херцеговина. Нивниот меѓусебен меч заврши со победа на „гаучосите“ од 2-1 и тие се лидери со 3 бода, пред Иран и Нигерија со по еден бод и БиХ без бодови.

