Германците одлично го отворија мечот против Португалија водат со 2-0 по првиот дел, а најзадоволна од одличната игра на „елфот“ беше Канцеларката Ангела Меркел. Таа е присутна во ВИП ложата на стадионот во Салвадор, а дури и посткокна од радост по вториот погодок на Хумелс во 32. минута.
Меркел го следи европското дерби од првата рунда во Г групата во друштво со претседателите на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.