Кинески навивач и љубител на фудбал, починал од несоница гледајќи фудбалски маратон од Светското првенство во Бразил пренесува кинеската новинска агенција „Чинхуа“.
Според тамошните медиуми, 25-годишниот Кинез од градот Суџоу останал буден два и пол дена, а пронајден е мртов после утакмицата на Шпанија и Холандија.
Овој ултранавивач веднаш бил пренесен во болница каде било утврдено дека починал од недоволен сон, но докторите не прецизирале дали станувало збор за смрт од физичка исцрпеност или, пак, срцев удар.