недела, 22 декември 2024 | Вести: 0

Прво запросување на СП, Босанец клекна пред саканата (фото)

Фудбалерите на Босна вчера го одиграа првиот фудбалски натпревар на Светските првенства, а покрај тоа се случи и првото запросување на мундијалот.

Поранешниот босански првак во тенис и внук на фудбалерот Фуад Мулахасановиќ, Мирза Мулахасановиќ ја искористи оваа можност за да ја побара за жена својата девојка Ивана Чосиќ.

На трибините од преполната Маракана тој клекна пред својата сакана и по шест години љубовна врска, на девојката ѝ го постави судбоносното прашање.

zaprosuvanje500

– Не ми требаше многу за да ја донесам одлуката за местото и времето на запросувањето – Брзил, Светско првенство, историски натпревар на репрезентацијата и славната Маракана беа доволен мотив за токму на тој ден да ѝ го поставам судбоносното прашање – изјавил Мирза.

А со оглед на тоа што Ивана, која е каратистка и професорка по физичко воспитување е огромен фан на „змаевите“, запросувањето на ваков интересен начин било исполнување на нејзиниот сон.

Top