Можеби голот на Робин ван Перси против Шпанија ќе остане како најзапаметен на Светското првенство, но постојат и други моменти кои предизвикуваат воодушевување кај светската јавност.
Марк Брешано не е фудбалер кој на овој мундијал ќе го сврти вниманието со своите игри, но затоа ќе остане запаметен по тоа што им ги стопи срцата на милиони луѓе кои ја видоа фотографијата пред почетокот на натпреварот меѓу Австралија и Чиле.
Австралискиот репрезентативец пред интонирањето на химните му ги врза врвците на копачките на момчето што го придружуваше на теренот.